Последна промена: Maj 22, 2026

1. Општи информации

Оваа Политика за приватност се однесува на elektronika-kk.mk (“Elektronika-KK”, “Веб-сајт”, “Сајт”) во сопственост на ЕЛЕКТРОНИКА-КК – ДООЕЛ Скопје (“ЕЛЕКТРОНИКА-КК”, “ние”, “нас”) и објаснува како Elektronika-KK ги собира и ги користи информациите за посетителите и корисниците на Веб-сајтот, вклучително и персоналните информаци кои корисниците ги наведуваат и објавуваат на Сајтот. Во овој документ исто така е наведено за што, на кој начин и во кои случаи ги користиме информациите за корисниците, вклучувајќи ги и персоналните информации и како може да пристапувате до нив и да ги ажурирате.

Со користењето и/или пристапувањето на Elektronika-KK, Вие ги прифаќате практиките, правилата и условите опишани во оваа Политика за приватност, како и нашите Правила и услови на користење.

Ние не ги продаваме, изнајмуваме, разменуваме или на друг начин ги споделуваме Вашите лични податоци со трети страни, освен како што е тоа опишано во оваа Политика за приватност. Ние не ги побаруваме Вашите лични информации доколку тие не се неопходни. Не ги споделуваме Вашите лични информации со никого освен ако тоа не е согласно со законите, во цели за понатамошен развој на продуктот или со цел да ги заштитиме нашите права. Вашите лични информации ги чуваме само доколку ни требаат за услугите кои ги нудиме.

Овој документ е дизајниран да ве информира за обработката на вашите лични податоци и вашите права во врска со оваа обработка според Законот за заштита на лични податоци, Општата регулатива за заштита на податоците („GDPR“) и други законски прописи.

Ние, ЕЛЕКТРОНИКА-КК – ДООЕЛ Скопје, како сопственик на Elektronika-KK, сме контролор според Законот за заштита на лични податоци и според тоа сме одговорни за обработката на податоците објаснета во оваа политика.

Нашето одговорно лице за заштита на лични податоци можете да го контактирате преку нашата контакт страница и контакт информациите приложени на страницата.

2. ФОРМУЛАР ЗА КОНТАКТ

Доколку сакате да нé контактирате тоа можете да го направите преку формуларот за контакт: контакт страница. Личните податоци кои ги оставате преку формуларот за контакт ќе бидат обработени само за да одговориме на вашето барање. Пополнувањето и доставувањето на формуларот за контакт претставува афирмативно дејство со кое ни давате согласност за обработка на податоците од контакт формата.

Го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични информации доколку тоа се бара со закон или кога веруваме дека таквото откривање е неопходно со цел да ги заштитиме нашите права, или кога треба да постапиме во согласност со судската постапка, судски налог или правен процес кој нѐ вклучува нас или кој било од нашите соработници или партнери.

3. Безбедност на информациите

Сите кориснички информации кои се сочувани се заштитени преку различни индустриски стандарди за контроли на пристап и останати мерки на безбедност. Меѓутоа, ниту една компанија, вклучително и ЕЛЕКТРОНИКА-КК, не може во целост да ги елиминира безбедносните ризици при пренос на податоци и информации преку онлајн конекции, така што користењето на овие системи е на Ваш сопствен ризик.

4. Лог датотеки

Кога се пристапува до веб-страниците на Сајтот, ние автоматски собираме информации, за анализа на трендови, за да се гледа движењето на корисниците низ веб-сајтот и за да се соберат демографски информации. Ние не ги поврзуваме овие автоматски собрани податоци со личните информации, освен во случај кога постои активност за која се смета дека е во конфликт со нашите Услови за користење. Во тој случај овие информации може да се искористат за да се идентификуваат корисниците кои ги прекршуваат Условите за користење или Политиката за приватност.

5. Колачиња (cookies)

Како и најголемиот број на веб-сајтови, така и Elektronika-KK користи колачиња (cookies), како мало количество на информации кое се чува на корисничките компјутери. Колачињата ни овозможуваат да ги “запаметиме” информациите за преференците и најавите на корисниците и им овозможуваат на корисниците да се движат низ Веб-сајтот без потреба да се најавуваат повторно. Корисниците кои ги исклучуваат колачињата нема да бидат во можност да го користат Elektronika-KK, бидејќи тие се задолжителни за да се одржува најавата во нашиот сервис. Исклучувањето на колачињата не ги спречува корисниците да пристапуваат на јавниот дел од Веб-сајтот, меѓутоа дел од опциите во јавниот дел може да бидат деградирани.

Оваа Политика за приватност го покрива користењето на колачињата само од Elektronika-KK. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме колачињата, можете да пристапите до нашата „Политика за колачиња“.

6. ВАШИТЕ ПРАВА

Како субјект на податоци, можете да нé контактирате во врска со заштитата на податоци со цел да ги искористите вашите права. Вашите права се следните:

Право да добиете информации за обработката на податоците и копија од вашите податоци
Право на приговор на обработката на податоците
Право на поднесување на приговор до надлежниот надзорен орган: “Агенција за заштита на личните податоци”

7. ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ

Вашите лични податоци добиени преку нашата веб-страна се чуваат се додека не се исполни целта за која тие биле потребни. Исклучоци од ова правило се случаите кога сме законски обврзани да ги чуваме вашите податоци за целите на доставување на информации до органите на власта, како на пример до финансиските и даночните служби. Во овие случаи мора да се почитуваат периодите на чување на податоците според законските прописи, каде периодот на чување за одредени податоци може да биде 5 или повеќе години. Исто, периодите на чување на податоците може да се продолжи и поради наш легитимен интерес како на пример: да се гарантира безбедноста, да се спречи злоупотреба или да се гонат кривични престапници.

8. Линкови до други сајтови

Elektronika-KK содржи линкови кон други сајтови кои не се во сопственост и под контрола на ЕЛЕКТРОНИКА-КК – ДООЕЛ Скопје. Ве поттикнуваме да бидете свесни кога го напуштате нашиот веб-сајт да ја прочитате политиката на приватност на сајтот на кој сте се префрлиле. Оваа Политика за приватност се однесува само на информациите кои се собираат од овој сајт.

9. Промени во Политиката за приватност

Во случај доколку одлучиме да ја промениме Политиката за приватност, промените ќе бидат објавени во оваа Политика за приватност и на други јавни места. Политиката за приватност нема да се менува во насока да биде помалку заштитничка од претходната, без за тоа да има согласност од засегнатите корисници.

Го задржуваме правото да ја менуваме Политиката за приватност во кое било време и затоа Ве замолуваме да ја проверувате почесто.

10. Контакт

Доколку имате прашања или сугестии за нашата Политика за приватност, ве молиме отворете ја нашата контакт страница и искористете ги контакт информациите приложени таму за да нѐ контактирате.

Електроника КК

Лиценцирано тело за изведување и испитување на електрични и електронски системи со 35 години искуство и услуги кои обезбедуваат комплетни електро и безбедносни решенија.

Контакт

Социјални мрежи

© Elektronika kk. Сите права задржани